Игор ЈАНУШЕВ
Постојат сериозни сомнежи дека Зоран Заев и Драги Рашковски со склучување на договорот со САРХЕМС прават огромна штета на буџетот на Република Македонија изразена во десетина милиони евра. Затоа, бараме од ЈО итно да го истражи случајот и да поднесе соодветни кривични пријави.
Заев и Рашковски дадоа 72 милиони евра на фирма без никакво искуство во областа, фирма која е формирана само 24 дена пред да биде распишан огласот. Целокупната постапка ја водеа сомнително. Почнувајќи од тендерската документација, која беше пресликана од физибилити студијата, до процесот на избор и склучување на договор, кој помина крајно нетранспарентно, иако станува збор за договор тежок 72 милиони евра.
Трет ден Заев и Рашковски молчат откако го потпишаа договорот и не кажуваат кој ќе ги плати 72 милиони евра, дали директно буџетот или граѓаните преку покачени патарини и авионски услуги!?
Што добиваат граѓаните од тие 72 милиони евра, колку летови се вкалкулирани, колку чини час лет, колку и кој ќе плаќа откако ќе се надмине бројот на прелети!?
Набавката на хеликоптерски услуги е крајно сомнителна. Бараме ЈО да го расчисти случајот во најбрз можен рок. Доколку ЈО не реагира, треба да знае дека за сите незаконски дејствија ќе има одговорност по 12 април.