Кејти и Чарли се типични родители од Калифорнија кои имаат свој бизнис преку Интернет, а Чарли работи и за авиокомпанија.

Тие го започнале семејството со ќерката Моли, но решиле да се прошират. Семејството Фераро стана многу популарно поради тоа што Кејти, без никакви додатоци за бременост, забремени со четворка. Но, тоа не е се. По извесно време таа, исто така без помагала, роди и близнаци. И сега Кејти и Чарли имаа 7 деца. А да се има 7 деца на возраст од 4 и под 3 години е вистинска авантура.

Раѓање на четворката, по која ова семејство стана познато, за Кејт на почеток било застрашувачко, бидејќи таквата бременост е исклучително опасна и често може да се појават неочекувани компликации.

Сепак, таа ја поминала бременоста без многу проблеми и речиси цело време се грижела за малата ќерка.

Кога дошло време да се породи, таа околу себе имала тим од 20 медицинари и доктори, кои се погрижиле сите бебиња да дојдат здрави во овој свет.

Потоа, следува раѓањето на близнаците. Па сега семејството се шегува дека се возат со патничко „чудовиште комбе“ низ градот.

Со толку мали деца, им веруваме кога велат дека немаат ниту една минута слободно време. Нека се благословени!