Во солена или слатка комбинација, питите со векови се обожавани. Но, тајната на совршената домашна пита не е во кората. Туку во совршениот прелив.

Еве како да го направите прливот.

Состојки:

– 7 лажици брашно
– 1 сув квасец
– 2 чаши млеко
– 1 чаша масло
– сол или шеќер (во зависност која пита правите)

Подготовка:

Кога правите пити од готова кора, солена или слатка, секоја кора премачкајте ја со овој прелив, а потоа филувајте ја на вообичаен начин.

Прелијте го остатокот од преливот над питата и оставете да отстои еден час и половина пред да ја печете.

Питата секогаш ќе биде убава, воздушна и компактна.