Заев за BuzzFeed News посочил и дека институциите во САД се толку силни што дури и претседателот не може да им наштети, очигледно посочувајќи на прст со Трамп како некој кој е надвор од американскиот систем, истовремено барајќи од истиот Трамо дури и да дојде во РМ за време на кампањата за референдумот и да го поддржи самиот Заев. Еве што напиша BuzzFeed News 

Странци поврзани со Русија плаќаат илјадници долари за да предизвикаат насилство со цел да спречат Македонија да влезе во НАТО. Ова е изјавата на премиерот за BuzzFeed News.

Зоран Заев изјави дека неговот влада примила повеќе извештаи дека „грчки бизнисмен“ кој ја „симпатизира руската кауза“, им плаќал на Македонци суми од 13.000 до 21.000 долари да „предизвикаат акти на насилство“ пред клучниот рефендум кој ќе се одржи подоцна годинава и кој ќе одреди дали оваа балканска држава ќе може да се придружи на воената алијанса.

Заев ги истакна овие нешта во интервјуто во македонскиот главен град Скопје, непосредно по враќањето од самитот на НАТО во Брисел минатата недела, каде Македонија официјално беше поканета да се придвижи кон членството во НАТО.

За време на Самитот Заев побарал помош за референдумот од претседателот на САД Доналд Трамп, кој во понеделник треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, во светлот на обвинувањата дека руски агенти се обиделе да му помогнат во кампањата во 2016 година.

Заев одбил да го кже името на тој кој што стои зад плаќањата спомнувајќи ја истрагата која е во тек и чувствителноста на дипломатските односи кои ја опкружуваат земјата во обидите за членство во НАТО. Тој нагласи дека полицијата дознала за плаќањата по приведувањето на неколку учесници во насилните протести пред парламентот во минатиот месец.

Најголема пречка за членството на Македонија во НАТО е долготрајниот спор со соседна Грција, која инсистира земјата да го промени името пред да се приклучи на меѓународните институции, зашто името го носи и грчкиот регион Македонија.

Македонците на референдум ќе бидат прашани за тоа дали ја одобруваат промената на името во Северна Македонија, и ако ја одобрат, грчките лидери дадоа ветување дека на тоа ќе одговорат со гласање за нормализација на односите. Но двете гласања се далеку од сигурни, со оглед на тоа што на договорот се спротивставуваат националистите од двете страни.

Русија се спротивставува на членството на Македонија во НАТО и тврди дека „Македонија се внесува во НАТО со сила“.

Малку пред НАТО лидерите да ја потпишат поканата Македонија да се придружи кон НАТО минатата недела, медиумите известија дека Грција протерала руски дипломати под овинение дека се обиделе да поткупат грчки официјални лица да помогнат договорот да пропадне.

„Руските претставници кои се овде и други од Москва, не кријат дека се против нашата интеграција во НАТО“, рече Заев. „Некои од нив се поврзани со медиуми, некои… ги охрабруваат младите да протестираат пред парламентот да ги напаѓаат полицајците… Тоа е многу очигледно.“

Портпаролот на руското МНР, Марија Захарова не одговори веднаш на овие забелешки.

Претстојниот референдум, ги става на тест односит меѓу Русија и Грција и го одредува местото на Грција во контекст на руските интереси. До неодамнешното протерување на диплматите, Грција одржуваше пријатни врски со Русија и избегнуваше дипломатски спорови.

Никос Xидакис, заменик-министер за надворешни работи на Грција за европски прашања, рече дека нема информации за наводното плаќање на Македонците, но, во телефонското интервју истакна дека грчките власти добиле извештаи пред неколку години дека “постои мрежа [од] некои други земји кои сакаат да имаат некое влијание врз регионални власти, па дури и врз централната влада “. Генерално, Xидакис рече дека ова не е прашање од голема загриженост, но додаде дека прашањето за промена на името во Македонија е нешто што може да ги направи работите потешки. Пораката на Грција кон Русија беше многу јасна, рече тој, дека договорот за името е “помеѓу Скопје и Атина, а ние никому не смееме да дозволиме да се вклучи”. Заев рече дека е уверен дека Грција ќе и се спротивстави на Русија во одбраната на договорот. Тој сака поддршка од Трамп, иако американскиот претседател беше многу критичен кон НАТО. Заев рече дека побарал од Трамп за време на самитот на НАТО “да и помогне на нашата држава да има успешен референдум, нашите граѓани имаат [демократско право] да ја искористат [оваа] можност да одлучат кон каква иднина ќе се движиме.“

Тој, исто така, рече дека би му посакал добредојде на Трамп во Македонија за кампањата за време на референдумот. “САД се уште – се огромен пример за демократски институции, [владеење] на правото, слободен говор и слободни медиуми. Тоа е важна работа”, рече Заев. “Тоа е огромен модел за нас и добар пример”. Заев рече дека ова е вистина и покрај фактот што Трамп го нападна американскиот печат и независноста на истрагата на Одделот за правда, која сега обвини 25 Руси за обидот да ги се мешаат во изборите во 2016 година во негова корист. Внесувањето на Македонија во НАТО одамна е стратешка цел на САД, а Заев рече дека американската влада потрошила повеќе од 1,75 милијарди долари за промовирање на демократијата во земјата. “Сметам дека институциите во САД се толку силни што ниту претседателот не може да направи толку голема штета”, рече Заев. “Мислам дека ќе остане добар пример, особено за овој дел од светот”.