Предвремени парламентарни избори се можна опција доколку тоа биде потребно за да се постигне цензусот за референдумот.

Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека сите опции се отворени.

„Да успее процесот да го постигнеме цензусот, за вака историско прашање, сите опции се отворени, па дури и оваа“, изјави Заев, мислејќи на одржување предвремени парламентарни избори заедно си референдумот. Како тоа ќе го изведе без ДИК, која не може да се оформи без договор за техничка влада, не е јасно.