Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер им порачал на двајца свои играчи – Немања Матиќ и Маркос Ројо, дека можат да го напуштат тимот во јануари, објавија британските медиуми.

Тие не се дел од долгорочните планови на клубот, а Аргентинецот беше блиску до трансфер во Евертон во текот на летото. Во моментов за Рохо се интересираат екипи од Италија и Шпанија.

Договорот на Матиќ истекува по крајот на сезоната, а неговите шанси за игра од почетокот на сезоната се ограничени. Два клуба од Премиер лигата покажаа интерес за српскиот играч од средниот ред.

Солскјаер се надева дека Јунајтед, исто така, ќе се засили со еден или двајца играчи за да го подигне нивото на играта и конкуренцијата на прилично просечниот тим од „Олд Трафорд“.