Традиционалното божиќно обраќање на нацијата на кралицата Елизабета е важен свечен настан за многу Британци. Како и секоја година така и оваа на нејзиното биро беа ставени фотографии од нејзините најбилски и најдраги, меѓу кои од сопругот Филип, принцот Чарлс и Камила, семејството на принцот Вилијам и фотографија од нејзиниот татко кралот Џорџ Шести.
Но,изостана фотографија од принцот Хари, Меган или бебето Арчи. Што многумина го протолкуваа дека на кралицата не и се допаднало тоа што тие одлучиле да заминат во Канда и таму да го прослават овој Божиќ со мајката на Меган.
„Една слика, илјада зборови“, најдобра фраза што ја опишува ситуацијата во Бакингамската палата.