Скопјанецот Аврам Петкоски од населбата Ѓорче Петров од понеделникот се води како исчезнато лице, поради што неговата фамилија апелира преку социјалните мрежи за помош.
Тој последен пат бил виден во понеделникот околу 10 часот во близина на Стопански Двор каде што и живее, а облечен бил во сина јакна и фармерки.
Од неговата фамилија замолуваат доколку некој има некакаква информација што може да помогне во пронаоѓањето да бидат контактирани во семејството на телефонскиот број 078/343-613 или да пријават во локалната полициска станица.
Неговото семејството замолува оваа информација да ја споделите што повеќе со цел да се рашири и да помогне во пронаоѓањето.
Случајот вчера во 12 часот бил пријавен и во СВР Скопје, од страна на неговиот брат С.П. (31) од Скопје. Тој пријавил дека од домот заминал неговиот брат А.П. (33), кој имал здравствени проблеми.