Заев на избори ќе играл и шпиц и лево и десно крило, но само доколку Мицкоски прифати една изборна единица. Запрашан од пратеникот Никола Мицевски, дали би прифатил да биде шпицен кандидат, односно доколку изгуби на изборите да замине во политичка пензија, премиерот со фудбалски речник порача дека би прифатил, само доколку опозицијата прифати промена на изборниот модел.

-Не шпицен и лево и десно крило ќе играм, какво крило сака такво, сака шпиц, шпиц. Што сака тоа ќе играм. Немам проблеми никакви, порача Заев.

Заев, пред два дена првично порача дека доколку не се изгласаат според неговите зборови, суштинските закони во Собранието, тогаш изборите ќе биле одложени. Вчера пак најави дека ќе размислел дали да поднесе оставка. Според опозицијата ваквите потези се страв од пораз.  ВМРО-ДПМНЕ го нападна дека нарачува анкети.

Заев пак му врати дека рејтинзите биле такви и на анкетата треба да и се верува, бидејќи МЦМС била финансирана од странски пари и била сериозна агенција.