Стотина граѓани се собраа вечерва во Никшиќ пред православен храм на Св. Василиј во знак напротест поради синоќешното усвојување на Законот за слобода на вероисповед. Притоа се случи судир на граѓаните со полицијата, објави „Вијести“ на својот веб сајт.

Полицијата во судирот употребила палки.

Во близина на храмот Св. Василиј има голем број полициски возила, и според медиумот, се повеќе луѓе пристигнуваат на протестот.