На бебе на Бадник (католички) му заглавила храна во грлото и не можело да дише, а нејзините родители брзо го однеле во полициската станица во австралискиот град Перт.

Штом полицаецот Џејсон Ли го видел тоа, тој побрзал во ходникот и го земал бебето во раце. Џејсон неколкупати го удрил бебето по грбот и така му помогнал.

Потоа, им покажал на родителите како да го сторат истото ако некогаш се најдат во слична ситуација.

Како што тој демонстрираше, детето треба да се држи во едната рака, надолу и да се лупка по грбот.

Сè траеше околу две минути и родителите ја напуштија полициската станица со големо олеснување.