Супермоделот Синди Карфорд и нејзиниот сопруг Ранди Гербер веќе неколку дена не можат да го сокријат своето незадоволство поради љубовната врска на нивната ќерка Каја Гербер со младиот комичар Пит Дејвидсон. Загрижените родители се обидуваат да ја прекинат таа врска.
Каја веќе два месеци е со Пит, на чиј шарм паднаа многу познати дами. Иако родителите напочеток не и придаваа голема важност на оваа навидум незамислива љубовна приказна, се чини дека сега се многу загрижени за необичниот избор на својата ќерка.
Каја, од друга страна, пронајде сè што бараше во 8-години постариот од неа комичар, па во последните неколку недели таа не се одделува од него. Двојката дури и почна да живее заедно во нејзиниот стан во Њујорк, а тогаш Синди и Ранди сфатија дека работите излегуваат од контрола.
Таткото на младата манекенка не може да го скрие својот гнев.
Поради неговиот неуреден изглед, необичен моден израз и ноншарлантен начин на живот, како и неговата склоност на пороци, Дејвидсон не е најидеалниот кандидат за момче, па многумина ги разбраат загрижените родители.
Синди и Ранди се обидуваат да ја вразумат својата ќерка и да ја оддалечат од нејзиното момче, па на крајот на годината решија да ги преземат работите во свои раце и да ја одведат манекенката во Лос Анџелес.
Ситуацијата на аеродромот било видно напната, а врската помеѓу познатата мајка и ќерка и која сè уште минува низ пубертет не може да се опише како идеална во овој момент.
Поради пријателството и љубовта со Дејвидсон, Каја го смени имиџот и стилот на облекување, па од дотерана дамичка се вљуби во „опуштените“ изданија, неуредни фризури и повеќе не ги претпочита тип топ средените стајлинзи.
View this post on Instagram