Тајмс сквер ќе биде „најбезбедно место на планетата Земја оваа година за новогодишната ноќ, рече денеска шефот на единицата за антитероризам, Џон Милер.

Според него, илјадници полицајци ќе бидат на должност за време на прославата, заедно со специјализирани вооружени единици, придружени од кучиња обучени за откривање  експлозивни направи и други преземени мерки.

За првпат, полициски беспилотни летала треба да надгледуваат голема прослава – една година откако дожд ги приземји беспилотни летала во текот на дочекот на 2019 година. Милер вели дека примената на разни безбедносни алатки и техники и дава на полицијата „разновидна шанса да фати нешто би се обидело да помине “.

– Тајмс Сквер веројатно ќе биде најбезбедно место на планетата Земја за новогодишната ноќ, затоа што никој друг не вложува толку многу напор во ваков настан, рече Милер.

Според медиумите, улиците околу „Тајмс сквер“ ќе бидат затворени за сообраќај на возила неколку часа пред полноќ.