ЕВЕ КАКВИ СЛОБОДНИ МЕДИУМИ ДОБИ ПРОТЕКТОРАТОТ „СЕВЕРНА“: Не ја објавувајте честитката на Мицкоски

/ 31.12.2019

Интерна порака испратена од власта на заминување на уредниците на телевизиските вести им дава упатство како да ја објават новогодишната честитка на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски објавена денеска на Фејсбук, јавува Нетпрес.

Всушност, во пораката испратена од новинар (името ѝ е познато на редакцијата) уредниците се советуваат да НЕ ја објавуваат честитката од Мицкоски.

Не може да се објават пораките врзани една по друга, на Пендаровски Заев, Џафери (државни функционери) и на Мицкоски. Мора да де издвоена со најава од студио. Но, честитката на Мицковски не треба воошто ниту да се објавува на вести, пишува во упатството до уредниците на ТВ-вестите.

Очигледно стравот на власта во заминување е посилен и од убавото расположение кое треба да превладее вечерва, кога ја испраќаме старата и ја пречекуваме новата и изборна 2020 година. Но, едно е нејасно, што е тоа што толку ги исплаши властодршците во новогодишното обраќање на лидерот на оозицијата – неговата решителност да се бори докрај за идеалот на обновата или нешто друго… којзнае…


Од истата категорија