Минималната плата во Турција ќе биде зголемена за околу 15 отсто во 2020 година, јави Блумберг. Околу една третина од Турците добиваат минимална плата, а потегот е во насока на намалување на социјалните тензии.

Нето месечната минимална плата ќе биде 2.325 турски лири (392 американски долари) од 2.021 лири во 2019 година. Зголемувањето од 15 отсто е над нивото на инфлацијата од 10.56 во ноември. Во крајот на ноември инфлкацијата беше 25 отсто.

Речиси 10 милиони вработени, или околу една третина добиваат минимална плата или малку над таа сума, наведуваат од Конфедерацијата на синдикати на Турција. Околу 4,6 милиони се без работа во Турција.