Сирија денеска остро ја осуди  „подлата и криминална американска агресија“, која доведе до убиството на иранскиот генерал-мајор Касем Сулејмани, што, пак,  претставува сериозна ескалација на тензиите на Блискиот исток, пренесоа светските агенции, цитирајќи го соопштението на сириското Министерство за надворешн и работи.

Сирија одлучно ја осудува агресијата на САД, во која беа убиени генерал Касем Сулејмани, заменик командантот на ирачките шиитски милиции Абу Махди ал-Мухандис и други, изјави сириски извор за Тасс.

Сирија е убедена дека оваа „подла американска агресија само ќе ја засили одлучноста да се следи примерот на убиените лидери на отпорот”, изјави извор од сириското Министерство за надворешни работи за агенцијата САНА.