Автомобилите на триесетина рибари во заливот Војевода во Русија завршија под мразот во вода, додека рибарите очекуваа риби да извадат на суво.
Причината за тоа е непочитувањето на правилата за паркирање на мраз. Поради тоа 30-тина автомобили пропаднаа кога попушти мразот во заливот Војевода во близина на Владивосток.
– Околу 30 автомобили делумно пропаднаа во заливот Војевода, дел до кров, дел до хауба, а некои само со тркалата. Некои од рибарите успеаја веќе самите да ги извадат своите авотмобили, а на другите им помагаат спасителите, изјави очевидец за Спутник.
Од локалната полиција наведуваат дека причината за овој настан е непочитувањето на правилата за паркирање на лед.
https://www.youtube.com/watch?v=EoyIjGemo54&feature=emb_logo