Не знам зошто комуњарите ја одбраа Рашела Мизрахи за цел. Од првиот момент.
Па така, душегрижниците замерија дека била ветеринар или не знам што. А тоа не одело со труд и социјална политика. Па после веројатно некој со малку повеќе грамови мозок им рекол дека Шеќеринска, некаков си бивш асистент на некој технички факултет, им е министер за одбрана. Дека Заев економистот им е шеф на телото за реформи во правосудството. Дека социологот Мила Царовска им е вицепремиер за економски прашања на местото на Анѓушев. Дека лекарот Бујар Османи им е за европски прашања, а брани национализам од најдолен вид кој води кон распад на државата. Дека лекарот Хисени им е министер за култура. Дека пола министри не ни знаат каде е факултетот на кој наводно докторирале, а веројатмо би паднале на оние екстерните тестови на Грујо. Па прекинаа. Замолкнаа.
Потоа почнаа со тоа дека давала интервју со знамето на ВМРО на маса. Па тој истиот со некој грам повеќе (не е „полче“), им рекол дека пак се на лизгав терен. Талат Џафери, само како еден пример, го стави македонското знаме на маса дури откако низ цела Македонија ги раширија неговити слики со знамето на Албанија. Па и за тоа замолкнаа.
И конечно, на крај, ја најдоа слабата точка. Таа била Еврејка, а седела во нацистичка партија. Некоја си „шарена“ Видана и некоја си Мерсиха, муслиманка, која треба да донесе албански и муслимански гласови на СДСМ, а која се претстави во својство за кое нема други зборови освен погрдни, па ќе ги прескокнам.
Е, јака страгегија, тапчовци.
Така што, оној господинот што би ја трампал ќерката за остров, би било паметно да ги приземји и присобере ваквите труби и да види со Филипче да им дадат упат за таму за каде што се. Ете, на таа едната, која се сликала со Стево Љубви, може и претседателот да и помогне. За врски за упатот.
И наместо СДСМ да се извини, бандата некрофилска, а сега и антисемитска, го прави токму спротивното. Вели дека „техничката министерка Мизрахи дека е некомпетнетна и дека слугува на партиските наредби на Мицкоски за враќање на режимот со ширење невистини“. нали тие нејзе би и закачиле Давидова ѕвезда како во времето на Хитѕлер, а никој не се смее да им одоговори зашто тоа било „ширење невистини“. Е браво!
Тука се и новинарските кученца на Сорос и СДСМ кои, кога би било обратно, кога би била во прашање ВМРО-ДПМНЕ која закачува ѕвезди на Евреите, би кревале врева до небо, а сега молчат. Затоа што се кученца и тоа добри истренирани, а никој од тренерите не им рекол дека сега треба да лаат.
Исто како што сите тие го донесоа и подржаа Законот за јазиците, како што рекоа дека тој нема да се чепка, а сега го обвинуваат адвокатот-Албанец во „ТНТ“ кој бара превод на материјалите на албански и симултан превод на судењето, дека сакал да го блокира процесот. Е, ај сега на бандава најди и го крајот. Таа мести процес, таа носи ЗУЈ, таа закачува ѕвезди, ама ако кажеш за тгоа, тоа било лажна вест.
Пред неколку години, на една конференција за медиумите во Александар Палас, на која беа присутни и луѓе од ОБСЕ (од Естонија, Германија и третиот односно третата не се сеќавам од каде беше), тогашниот шеф на комуњарското ЗНМ се пожали дека фалело уште „режимот“ да им стави „Давидова ѕвезда“ на кутрите и репресирани професионални новинари. Истиот, инаку, малку подоцна, односно неговото ЗНМ доби од Аиво Орав, претходникот на Жбогар-уставниот, 200 000 евра.
Арно ама, за белја, Естонката од ОБСЕ на таа конференција да ти била Еврејка, а нејзините предци да биле во логор. И потоа, после конференцијата плачела. „Добро“, рекла, „разбирам кодошење ако не ти се допаѓа власта и глумење жртва, ама за ваква тема да злоупотребиш шест милиони убиени во гасни комори и запалени во печки, не е нормално“.
За да биде приказната поинтересна, Аиво Орав, швалерот на оној Бугаринот од ЕУ мисијата во „вашата земја“, исто така беше Естонец. Тоа не го спречи да ги поддржува ваквите структури, се разбира, не затоа што така мисли, зашто тој не ни мислеше, туку затоа што и нему, како и на кученцата, така му беше наложено да лае. Или да не лае.
Но, тоа е комуњарската матрица која сега очигледно се крева на „Н-ти“ степен. Оваа банда, полека се претвора во немиена багра. Тие двете, таа сликаната со Стево и таа Мерсиха, не се изолирани креатури. Не, тоа е цела структура, на чело со Заев, Пендаровски, Шеќеринска, Царовска и надолу кои еве и денеска стојат зад двете вакви „балерини“ на СДСМ. Тоа е таа структура зад која застана и МАНУ, зад кои застанаа т.н. интелектуалци во Македонија. Тоа е климата која ја донесоа во Македонија.
Се разбира, ваквите засега нема шанса да добијат соодветен одговор, но јасно е дека ако таа клима не биде уништена, згазена, онака како што со ногата се гази отпушок фрлен меѓу суви лисја за да не ги запали, нема потреба ни да има избори. И тука, глумење дека сме од Финска, нема воопшто да помогне. Зашто ниту овие не се од Финска.