Погребот на иранскиот генерал Касим Сулејмани, убиен во американски воздушен напад во Ирак, е одложен откако во метеж на погребната поворка во неговиот роден град Керман загинаа најмалку 40 луѓе, пренесе иранската агенција Исна.

Во извештајот не е наведено за кога е одложен погребот.

Претходно беше соопштено дека во метежот настрадале 35 лица, а 48 се повредени, но во најновиот извештај бројот на загинати е зголемен на 40, повредени се 190 луѓе.