Војводата од Сасекс, принцот Хари и неговата сопруга војвотката Меган Маркл објавија дека се повлекуваат од активните  должности, кои им ги наметнува кралското семејство.

Во краткото соопштение, кралската двојка рече дека сака да создадат прогресивна нова улога за себе во рамките на институцијата и дека сакаат да станат финансиски независни. Во изјавата се вели дека тие ја донеле одлуката „по повеќемесечно размислување и внатрешни одлуки“.

„Одлучивме да се повлечеме од високи членови на кралското семејство и да работиме за да станеме финансиски независни, истовремено продолжуваме целосно да го поддржуваме Нејзиното Височество“, напишаа тие.

Додаваат дека, со поддршка на јавноста, се чувствуваат подготвени за одлуката.

Порачаа дека сега ќе го распределат времето меѓу Северна Америка, каде исто така ќе живеат и Велика Британија, пренесува Би-Би-Си.

Некои британски медиуми објавија дека Хари и Меган ќе се преселат во Канада.