Маж утрово во пукотница во Прилеп ја убил својата поранешна сопруга и нејзината мајка.
Во семејна куќа биле пронајдени се двете мртви тела на жените. Безживотните тела на А.П. родена 1979 година и нејзината мајка Т.К. родена 1956 година имале прострелни рани. Во нив пукал сега осомничениот, 50-годишниот поранешен сопруг и зет на починатите.
Со две прострелни рани се здобило и уште едно лице, брат и син на оштетените, кое било во просторијата. Во обидот да биде совладан, повреден е и осомничениот. Повредениот оштетен и осомничениот се пренесени во прилепската болница каде им се укажува медицинска помош.
Во насока на расчистување на кривично правниот настан, по наредба на јавниот обвинител подигнати се и обезбедени траги од лице место. Издадена е наредба за обдукција над починатите. Обезбедените траги од лице место ќе бидат предмет на вештачење.
Јавниот обвинител издаде и наредба за претрес во домот на осомничениот прилепчанец кој, според сознанијата на обвинителството, поради претходно нарушени брачни односи не живеел во заедница со неговата сега почината сопруга.