Помалку изненадувачки, на крајот од вчерашниот натпревар со Украина, за најдобар играч на натпреварот беше прогласен Филип Талески. Сите очекуваа дека изборот ќе биде меѓу Никола Митревски и Кире Лазаров.

ЕХФ објави фотографија со која ја објасни својата одлука со фактот дека Талески постигна 4 гола, ама и мина на терен 55 минути и 34 секунди.