Тирана се наоѓа на петто место на најскапи градови во Европа за купување стан, објави денес порталот Нумбео.
Поевтино е да се купи стан во Берлин, Брисел или во Атина, отколку во главниот град на Албанија. Порталот Нумбео ја рангира Тирана на петтото место на најскапи главни градови во Европа за купување куќа споредено со приходите во другите главни градови.
Агенцијата Нумбео наведува дека според приходите кои ги имаат Албанците, многу поскапо е да се купи стан во Тирана отколку во 25 други главни градови. На Албанците во просек им требаат 17.65 години за да купат стан во Тирана.
Агенцијата вели дека најскап главен град е Белград, а потоа следуваат Рим, Москва, Париз, па Тирана.
Најевтини се Приштина и Сараево.