Германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за „Фајненшл тајмс“ изјави дека опаѓа американската фокусираност врз Европа и тоа ќе биде случај со кој било претседател.
Таа додаде дека заладените односи помеѓу Германија и САД не се поради Доналд Трамп, туку тоа има подлабоки корени, како и структурални причини.
Меркел наведе дека „се случи пресврт“ додавајќи оти поранешниот американски претседател Барак Обама зборувал за азиски век, од американска перспектива.
– Тоа, исто така, значи дека Европа повеќе не е, така да кажам, во центарот на светските настани… Фокусот на САД врз Европа опаѓа, што ќе биде случај со кој било претседател, истакна Меркел.