Американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на Твитер се огласи по повод потпишувањето на писмото за намери да се обнови авио-линијата Белград-Приштина, нагласувајќи дека тоа е „уште една победа“.
„Сите рекоа дека не може да се оствари. Сепак, за првпат по дваесет и пет години ќе се воспостават директни летови меѓу Србија и Косово. Уште една победа – благодарение на амбасадорите Роберт О’Брајан и Ричард Гренел“, напиша Трамп на Твитер, со фотографија од церемонијата за потпишување на договорот.