Македонските домаќинства први на листата со финансиски проблеми за плаќање на режиските трошоци.
Секое трето домаќинство во земјава не може редовно да си ги плати сметките за комуналии. Европското статистичко биро Евростат пресмета дека речиси 37% или 209 илјади домаќинства имаат финансиски проблеми со редовното плаќање електрична енергија, парно греење и вода. Истражувањето се однесува за 2018 та година, кога процентот е намален во однос на изминатите години, кога надминувал и над 40%.
Сепак, Македонија е со најлош процент во однос на земјите кои се и не се членки на Унијата.
Најголем проблем со плаќање режиски трошоци од земјите членки на Унијата има Грција. Таму скоро 36% немаат пари редовно да платат, веднаш зад нив се Бугарите со 30% и Хрватите, меѓу кои 17,5% од домаќинства имале проблем со подмирување на режиските трошоци.
Ваков проблем речиси и да немаат жителите на Холандија, Австрија, Чешка и Шведска. Таму само 2 отсто од домаќинства не можат редовно да си ги подмират сметките.