„Да повторам уште еднаш: не треба да учите со децата! Не треба да им ја подготвувате училишната чанта! Не треба да ги прашувате: ’како е на училиште?’. Така го нарушувате односот и крајниот резултат секогаш е негативен. Веројатно не мислите дека немате за што друго да разговарате со детето?
Детето мора да има свое слободно време кога не прави НИШТО: од 2 до 4 часа дневно. Преамбициозните, т.н. грижливи родители ги затрупуваат децата со: јазици, уметнички секции, престижни спортови… Од тоа најмногу се добива нервоза.
Во односот со училиштето и педагозите, би требало во вистинска смисла да бидете на страната на вашето дете. Чувајте ги децата. Не плашете се од лоши оценки. Плашете се да не му го одмилите на детето училиштето и воопшто учењето.
Тешко е да се каже кој трпи посилен психолошки притисок: одличниот ученик или единичарот! Одличните ученици кои макотрпно редат петки не се безгрижни деца и им недостига самопочит.
Ако вашето дете не е во состојба да учи само, сигурно постои некоја причина за тоа. Мрзливоста нема врска со тоа. Не постои категорија мрзливост во психологијата. Мрзливоста се смета за отсуство на мотивација и волја.
Причината зошто детето не може да учи и само да ги пишува домашните задачи може да биде што било: зголемен интракранијален притисок, зголемен тонус на мускули, психолошки проблем, проблем со задржување внимание и хиперактивност. И наместо секоја вечер да седите со него над учебниците, подобро би било да се обидете да го дефинирате, а потоа и да го третирате вистинскиот проблем.
Има родителите кои сакаат нивните деца да бидат одговорно, самостојни и успешни. А има и родители чија цел е комплетна контрола.
Многу често, поради грижата за оценките, семејствата буквално се распаѓаат, односите се нарушуваат, родителите и децата меѓусебно се оддалечуваат, понекогаш и засекогаш. Психата на тинејџерите и онака е чувствителна, а месеците поминати во подготовка по разни институти и математички друштва, на сите во семејството им остануваат во лошо сеќавање. Сите страдаат од нервоза и депресија, што провоцира хистерија, болести, па дури и суицидни мисли.
Како да го одбегнете сиот тој кошмар или барем да ги намалите последиците?
Јас сметам дека треба да се фокусирате на љубовта и неминливите вредности.
Сетете се дека за не толку долго време, оцените и испитите ќе ви се изгубат од сеќавање и единственото важно вешто ќе биде дали сте ја сочувале блискоста, довербата, разбирањето, искрениот однос со вашето дете…
Бидејќи може да се добие петка, а да се изгуби ќерка. Да ги положи сите напредни курсеви, да се запише на престижен факултет, но неповратни да се изгуби квалитетниот меѓусебен однос.“
Михаил Лабковски завршил психологија во Москва, докторирал во Ерусалим. Ја почнал кариерата како учител и школски психолог, а во своето 30-годишно искуство работел првенствено како семеен психолог, а во последните 20 години водел радиоемисии на тема однос меѓу родителите и децата, зависност, љубов кон себеси…