Во САД е регистриран првиот случај на ширење на коронавирусот со пренесување од човек на човек, соопшти денеска американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Случајот е откриен во американската сојузна држава Илиноис.

Со тоа бројот на заразени од епидемијата во САД се зголеми на шест лица.

Коронавирусот е откриен кај сопругот на една жена која патувала во Кина и е, исто така, заразена. Двајцата пациента се на околу 60-годишна возраст.