По две и пол години водење силна и одговорна економска политика направивме економски пресврт, напиша утрово премиерот Оливер Спасовски на својата официјална страна на „Фејсбук“.
Спасовски посочува дека минималната плата е зголемена на 14.500 денари, просечната на 25.787 денари, а невработеноста е намалена на 17,1 процент.
– Од БДП -1,8 проценти, постигнавме просечна вредност на БДП од 3,5 проценти. Од минимална плата 9.000 денари, сега имаме минимална плата од 14.500 денари, а просечната плата изнесува 25.787 денари. Невработеноста во третиот квартал во 2019 година е намалена на рекордно ниски 17,1 проценти, напиша Спасовски.