Токсичните врски ги прават луѓето несреќни, понижени, така што некој може и да си го постави прашањето – „дали воопшто заслужувам љубов?“.
Една од ситуациите што води кон тоа, како што објави порталот „Брајт сајд“, е ако еден во врската дава многу, а другиот речиси никаде го нема.
Дури и во совршена врска, речиси е невозможно да се види дали партнерите подеднакво земаат и даваат. И тоа е нормално. Природно е понекогаш некому да му треба раме за плачење или каква било поддршка во лошо, тешко време од животот. Исто така природно е и да го посветите и насочите своето време и труд на саканата личност кога нејзе ѝ треба тоа.
Меѓутоа, тоа може да стане еднострано, наместо да биде взаемно. Во почетокот ранливиот партнер ќе биде благодарен за помошта, но по некое време може да се случи да почне да го зема тоа здраво за готово. Во тој случај следат и разни манипулации и искористување на слабоста на другиот.
Знаци дека некој паднал во оваа стапица:
- Тој / таа чувствува дека е постојано одговорен/-на за партнерот и оти треба постојано да му помага;
- Мисли дека партнерот не би можел да се справи со проблемите без него / неа, така што одговорноста што првиот ја чувствува – станува уште потешка;
- Потребите на другиот секогаш се на прво место, а сопствените секогаш се ставаат настрана;
- Чувство дека ако престане безрезервната помош кон другиот, тој или таа нема да сака да остане во врска.
Како со тоа си штетите себеси?
Сè она што го правите за тој / таа што Ви значи, може да биде емоционално исцрпувачко, ако тоа не биде заемно и со иста јачина во смисла – време, енергија и повратна поддршка. Непрекинатата грижа за друг, во голем дел значи недоволна грижа за себе и сопствените потреби. Тоа дури може да има и психолошки последици – намалена самоувереност, самопочит итн.
Запрашајте се – зошто треба постојано да давате, а да не добиете ништо за возврат? „За да се справите со оваа ситуација, прво мора да си признаете себеси дека сте во неа“, како што се вели во написот на „Брајт сајд“.
Ако, пак, сте во нова врска, поставете ги своите граници веднаш. Не се препуштајте премногу, пред да го запознаете вашиот партнер подобро и пред да бидете сигурни дека тој / таа ќе ви ја даде поддршката што вие сте подготвени да му / ѝ ја дадете. с