Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во врска со законот за Jавно обвинителство изјави дека не знае за какво поднесување амандмани зборувала министерката за правда Рената Дескоска, со оглед на тоа што, како што рече, текстот по кој се водеше јавната расправа во Собранието и по кој експертите ги дадоа своите видувања и своите заклучоци се уште е нацрт верзија која не е дадена како предлог-текст до Собранието.
– Ако зборува за оној предлог текст којшто е во собраниска процедура, веќе имаше поднесено амандмани и дел од нив беа прифатени така што не знам на што се однесува и на кој дел и на кој предлог текст се однесува ставот на министерката Рената Дескоска, рече Стоилковски одговарајќи на новинарски прашања.
Потврдно одговори на прашањето дали во понеделник ќе одат на средба.
– Апсолутно, доколку постои волја од страна на власта, којашто и треба да ги организира тие средби, апсолутно дека ќе останеме на тоа, рече Стоилковски.
На прашањето дали е можно законот да се изгласа пред да се распушти парламентот, тој рече „апсолутно може – нека го прифатат текстот што беше поднесен од ВМРО-ДПМНЕ апсолутно веднаш ќе биде изгласано“.