Од тироидната жлезда страдаат луѓе кои силно доживуваат сè што им се случува, кои реагираат на лошите постапки на другите со чувство на длабока повреденост и огорченост. Негативните емоции остануваат замрзнати во телото, се собираат во тироидната жлезда и таа почнува да заболува. Емоциите мора да се движат!

Књазкин – Кромидот прави чуда!

Следи рецептот на д-р Игор Књазкин, познат лекар од Санкт Петербург, кој треба да се користи за намалена функција на тироидната жлезда (хипотиреоидизам).

Навечер, пред спиење, земете кромид и исечете го на две половини, и сокот да истече од нив.

Тироидната жлезда се состои од два дела, или два лобуса, лев и десен, кои се поврзани со еден централен, средишен дел.

Со лесни кружења, масирајте го вратот во пределот на тироидната жлезда со половините од кромид – една половина за едниот тироиден лобус, а потоа другата за другиот. Потоа, без да го исплакнете вратот, легнете во кревет, за сокот да работи преку ноќ. Ова е лесен начин со кој природно се поттикнува функцијата на тироидната жлезда.

Совет на д-р Торсунов – Пејте!

Д-р Олег Торсунов го советува секој што има проблем со тироидната жлезда, особено пациентите со намалена функција на тироидната жлезда, да му помогнат на својот заболе орган, така што ќе пејат (чакра на грлото!)

Тој вели дека тироидната жлезда, и воопшто, целиот ендокринен систем, е тесно поврзана со човечките емоции, особено емоцијата на љубовта. Тироидната жлезда страда кај луѓе кои силно доживуваат сè што им се случува, кои на лошите постапки на другите одговараат со чувство на длабока повреденост и огорченост.

Негативните емоции остануваат како замрзнати во телото, се собираат во тироидната жлезда и таа почнува да заболува.

Емоциите мора да се движат. Ослободете се од акумулираните негативни емоции – со пеење. Звукот многу лесно ги изнесува од телото. Д-р Торсунов вели: „Пејте. Пеењето ќе нзпрви да попуштат емотивните стеги во тироидната жлезда. Чворовите во  тироидата ќе исчезнат сами. Пејте весели песни, без оглед какви се вашите проблеми и расположение. Пејте со радост и љубов. Постојано пејте, танцувајте, радувајте се на другите, израдувајте ги другите и ќе бидете исцелени! ”

Лечење на тироидната жлезда со лекувачкиот текст на академик Ситин

Георги Ситин е познат руски научник, автор на ефективни лекувачки текстови за самопрограмирање на исцелување на организмот. Неговата техника SOEVS е разработена во околу 50 големи научни трудови, со околу 20,000 лекувачки текстови. Одбранил докторски дисертации од областа на медицината, психологијата, педагогијата и филозофијата.

Тој бил тешко повреден за време на Втората светска војна. Лекарите тврделе дека е целосно онеспособен и му нема спас. Тогаш почнал да работи на создавање лековити текстови, со кои целосно се исцелил. Освен тоа, илјадници луѓе се излекувале со помош на неговите лекувачки текстови.

Тоа е техника, заснована на способноста на лицето да му помогне со зборови на својот заболен организам. Лековитите  текстови ги ангажираат нашите емоции, ја јакнат силата на мислата, ја мобилизира нашата волја, создаваат висока концентрација на волја и ја насочува нашата волја да го усвои текстот и на тој начин да си помогнеме.

Текст за опоравување на тироидната жлезда

„Во мојата тироидна жлезда, Бог всадува нов, млад, енергичен, весел и радосен живот. Нов, млад, радосен живот ја исполни мојата тироидна жлезда. Нов, млад живот раѓа нова, млада, дадена од Бога, здрава структура на тироидната жлезда. Бог влева во мојата тироидна жлезда свето, Божествено заздравување, кое раѓа од Бог создадена, Божествено здрава структура на мојата тироидна жлезда.

Целата моја тироидна жлезда повторно се раѓа, млада, создадена од Бога, со Божествено здрав материјал. А мојот имунолошки систем е со гигантска, Божествена енергија, ги раствора сите чворови во мојата тироидната жлезда. Сите чворови во мојата тироидната жлезда се смалуваат, исчезнуваат, исчезнуваат засекогаш без трага.

Сите структури на мојата тироидна жлезда се божествено регенерирани од млад, здрав материјал создаден од Бога. Тироидната жлезда ми оживува, физички оживува, цвета. Мојата Божествена Тироидната жлезда правилно, енергично ги извршува во моето тело сите нејзини многубројни функции. Како блесок од молња, чувствувам дека сум апсолутно здрав, потполно здрав, идеално здрав, весел, убав, полн со здравје и сила “.

Најдобро е ако овој лекувачки текст на академик Ситин го прочитате- снимајте и потоа слушајте го многу пати во текот на денот, додека се движите или работите низ куќата, или по улица, или во јавен превоз…

Додека го слушате текстот и го повторувате во себе, замислувајте го тоа што го слушате, вие самите се програмирате да заздравите. За телото да го усвои текстот, потребни се 500-1000 слушање. Кога вашето тело целосно ќе го усвои текстот и зборовите на академикот Ситин, стануваат составен дел од вашите мисли во секој момент, тие мисли ќе ги отстранат нарушувањата во вашето тело и ќе ви го вратат здравјето.

Тест со јод од Малахов


Овој тест е корисен за сите, особено за луѓето со проблеми со тироидната жлезда.

Во вечерните часови, земете повидон јод, кој се купува во аптека, пред спиење. Натопете во јод стапче за чистење на уши и нацртајте со јод на мускулот на левата рака три линии: тенка, средна и густа. Чекајте лините да се исушат на вашата кожа и одете на спиење.

Погледнете ја раката наутро. Ако исчезнала само тенката линија, тоа значи дека кај вас со јодот е во ред. Телото земало јод колку што му било потребно преку кожата.

Ако освен најтенката, исчезнала и средната линија значи дека немате доволно јод во вашето тело и треба да обрнете внимание на вашата здравствена состојба.
Ако сите три реда ги снема, тоа значи дека имате голем недостаток на јод во вашето тело и тироидната жлезда е особено изложена на ризик.

Овој метод е целосно безопасен, бидејќи телото зема само онолку јод колку што треба преку кожата. Ова го советува Г. Малахов, руски писател на книги од областа на народна-традиционална медицина.