Играчот од средниот ред Филипе Кутињо нема намера да се врати во Барселона. Бразилецот би сакал да остане во Баерн каде е испратен како позајмен фудбалер.

Според „Каталуња радио“ тој веќе контактирал со раководството на Барселона и ставил до знаење дека сака да ја помине и следната сезона во Минхен.

Баерн е подготвен да го купи Кутињо, како што беше претходно објавено, но нема намера да го плати за него 120 милиони евра пропишани во договорот.

Баварците сакаат да ја спуштат цената на 80 милиони евра.