Очигледна е намерата на некои политички партии да го опструираат процесот на носење на Законот за јавно обвинителство, обајви министерката за правда Рената Десковска.
– Очигледно е дека дел од стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е меѓу другото триесеттина од нив да се јават за реплики на мојот говор и тоа би значело дополнителни 2,5 до три часа со реплики и контрареплики. Затоа одлучивме ниту јас, ниту другите пријавени пратеници од СДСМ и коалицијата да не се јавуваме за збор, со што заштедуваме најмалку осум часа дебата по нашите говори, објави Дескоска на својот Фејсбук профил.
Во објавата таа додава дека координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, самиот од говорницата свесно или несвесно признал дека најмалку месец дена веќе го објаснувам и бранам законот во јавност.
-Значи, на сите им е јасно кои се последиците од овој закон, а најмногу на осомничените и обвинетите за криминал и корупција, па затоа е #паниката и ваквите бурни реакции на одредени политички партии. Кога не им успеа планот да го “трошат” времето со реплики на мојот говор и говорот на пратениците на власта, пробуваат да “купат” време со еден час пауза, наведува Дескоска на Фејсбук.