АНДОНОВСКИ ДО МАРИЧИЌ: Вината за пасошите да си ја барате кај Оливер Спасовски

/ 20.02.2020

Во последните три години имавме Министерство за внатрешни работи кое што имаше поголем број на бегалци од правдата и бегалци од затворите на чудни начини, ќе се сетите на бегствата од затворот во Штип, Идризово, Шутка. Во краток период откако со министерството за внатрешни работи управува Наќе Чулев имаме акции за спречување на трговија за дрога и од акциите забележавме дека се работи за меѓународен канал на транспорт на дрога кој што била наменета за различни пазари, вели Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Патот кон на Алсат М.

Во однос на недостиг на патните исправи, Андоновски истакна дека вината треба да се бара токму кај претходниот министер за внатрешни работи од СДСМ Оливер Спасовски кој што како тогашен министер требало да знае дека планирањето за набавка на патни исправи се врши предвремено.
Кога водите Министерство 5 години како што Оливер Спасовски го водеше тој треба да знае дека планирањето се врши предвремено. Не може да планирате набавка денеска а пасошите да ги добиете утре. Ако водел министерство 5 години треба да знае дека 2020 година истекуваат 10 години од кога прв пат имаме биометарски исправи во Република Македонија. Не е Чулев виновен за патните исправи, тој не може во еден месец да планира нешто кое што требало да биде испланирано во последните месеци на 2019 година.

Андоновски додаде дека повеќе од јасно е дека Заев е главата на криминалниот октопод во случајот Рекет.

Главата на тој октопод во случајот Рекет е Зоран Заев и важно е една друга спрега а тоа се ноќните дружења на државниот јавен обвинител со омилениот адвокат на Зоран Заев и со пи-арот на шефот на претседателот на државата. Заев не може да избега од одговорноста дека Катица Јанева во тој момент осомничена се среќавала со него, а други луѓе осудени сега во моментот се среќавале со блиски членови на неговото фамилија, рече тој.


Од истата категорија