СДСМ ги лаже и манипулира граѓаните – нема 500 евра плата и нема реален раст на платите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
– Единствено што успеа СДСМ е да ги покачи давачките и трошоците за живот на граѓаните. Стандардот на државата на чело со СДСМ е еден од најниските во регионот и Европа, а според последните истражувања Македонија е најсиромашна држава во Европа. Над 500.000 граѓани живеат на работ на сиромаштијата додека секој трет во државата има проблем да обезбеди основна егзистенција. Со СДСМ на власт граѓаните не живеат туку преживуваат. Во овие три години Зоран Заев и СДСМ ги разочараа граѓаните со своите секојдневни лаги за подобар живот. Секој трет граѓанин во државата има проблем да ги обезбеди основните егзистенцијални потреби. Младите се иселуваат заради безперспективност и огромна невработеност.Младинската невработеност во државата е една од најголемите во регионот додека во некои делови во државата младинската невработеност изнесува фрапантни 80 отсто. Дека СДСМ не оствари ништо за граѓаните да живеат подобро говорат и истражувања кои кажуваат дека скоро 70 отсто од граѓаните не ја гледаат својата иднина во државата. Заев и СДСМ мора да си заминат од политичката сцена во политичко минато за државата да тргне напред. Зоран Заев ги СДСМ единствено ги осиромашува граѓаните и ја уништува државата по сите основи. Затоа тие мора да си заминат за обновата да почне, се вели во денешното соопштение.