Оливер Спасовски, придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се сретна со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии, при што е постигната согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали.
Како што наведуваат во соопштението од владината прес служба, ова е постигнато со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение.
-На средбата е разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги, стои во соопштението.
Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време, како и свесност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните.Прекинот на реемитувањето на сите домашни и странски ТВ канали беше најавен за 2 март на полноќ, со исклучок на каналите на јавниот сервис МТВ1, МТВ2 и собранискиот канал.