Во текот на синоќешниот дуел меѓу Заев и Мицкоски, во контекст на бизнисите на власта и нејзините криминали, Мицкоски во еден момент спомена дека по 12 април ќе се види и зошто одеднаш речиси сите вештачки езера во Македонија останаа без вода. Кога с еочекуваше за ова да се отвори рзговор во почирока смисла, дебатата отиде во друга насока и разговорот не се прошири во оваа смисла.
Со оглед на тоа што истекувањето на водата од хидроцентралуте е поврзано со бизнисот со енергетика, се наметнува дилемата што е тоа надвор од природата што ги остави македонските езера без вода, нешто што Мицкоски очигледно го знае или претопставува.
Патем, денес по социјалните мрежи се сполдува дека и Дебарското Езеро се повлекува.