Од 24 анализирани сомнителни случаи, 21 се позитивни на новиот коронавирус во Грција и станува збор за лица кои паутвале во Израел и Египет, заедно со 67-годишниот маж, за кој вчера имаше потврда дека е заразен со коронавирусот.

Со тоа бројот на потврдени случаи кај јужниот сосед се искачи на 31, јави дописничката на МИА од Атина.

Претставникот на Министерството за здравство на Грција, задолжен за новиот коронавирус и научен соработник во Националната организација за јавно здравје професорот Сотирис Циодрас, на прес конференција рече дека од 21 случај, девет лица се хоспитализирани, а останатите 12 се во домашна изолација.