Во Италија, денешниот ден е најлош од почетокот на епидемијата со корона вирусот. Умреле 250 лица во последните 24 часа, известил италијанскиот кризен штаб.

Од вирусот досега во Италија заболеле 14 955 лица. 2 116 од нив заболеле во последните 24 часа. Бројот на тие кои биле или се сега заразени, а во кој се вклучени и тие кои оздравеле, се зголемил на 17 660 лица.

Анџело Борели повереник за итни состојби, рекол дека вкупниот број на починати сега е 1 266 лица.

Оздравеле 1 439 лица, од кои 181 во последните 24 часа.

Во Ломабардија заразени се 9 820, а 890 умреле. Во последните 24 часа во Ломбардија умреле 146 лица.

650 се на интензивна нега, што е 45 повеќе од вчера. Во куќна изолација се 2 650 лица.