Владата го разгледа и го усвои записникот од четвртиот состанок на Главниот оперативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречувањето на внесување и ширење на коронавирусот.
Во записникот е наведено дека се забранува пристапот на лица и возила во Парк шумата „Водно“, секој ден од 18:00 часот до 6:00 часот наредниот ден.
За оваа цел, се задолжува Министерството за внатрешни работи со патролни возила да го затвори пристапот кон Парк шумата „Водно“.
Исто така се забранува собирање во група повеќе од пет лица во паркови и на други јавни места и јавни површини. За оваа цел се задолжуваат МВР и Армијата на Македонија да ги разбијат овие групи и да ги интензивираат теренските контроли.