Голема трагедија се случува во јужно-азиската држава Лаос. Неколку села се поплавени, а стотици лица се водат како исчезнати откако  доцна синоќа попуштил потпорен ѕид на брана која што се уште била во изградба. Шест села во провинцијата Атапеу се поплавени по пукањето на браната. Без покрив на главата останаа повеќе од 6600 жители. Засега нема информации за загинати, но повеќе од сто луѓе се водат за исчезнати.

Во моментов се одвива операцијата на спасување, а нивото на водата се зголемува од минута до минута.

Бројот на настрадани се уште е непознат, но властите стравуваат дека тој би можело да е мошне голем бидејќи жителите на уништените села речиси да немале можност за евакуација.