СЗО: Има напредок во развојот на лек, но вакцина против коронавирусот најрано по една година

/ 22.03.2020

Водечкиот експерт на Светската здравствена организација, Мајк Рајам, денеска изјави дека ќе биде потребно најмалку една година да се развие вакцина за коронавирусот.

Тој за Би-би-си, сепак кажа дека има добар напредок во развојот на лекови и оти се спроведуваат тестови.

Додаде дека е важно да им се овозможи на лекарите да развијат докази дека третманот е безбеден и дава резултати.

Исто така изјави дека државите не можат да го потиснат коронавирусот само со мерки за карантин на граѓаните, туку дека се потребни и мерки за јавно здравје со цел да се избегне враќање на вирусот.


Од истата категорија