Наместо кратење на плати на работниците и на администрацијата, даваме конкретен предлог, да нема плати за министрите. Нудиме конретен предлог до владата, Спасовски, Шекеринска и другите да се откажат од платите и да ги донираат за борбата против корона вирусот.
Ова го истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоиловски, а во продолжение ви го пренесуваме неговиот целосен предлог:
Оливер Спасовски да се откаже од нето платата од над 88,000 денари.
Радмила Шекеринска да се откаже од нето платата од над 80,000 денари.
Мила Царовска да се откаже од нето плата над 73,000 денари.
Рената Тренеска Дескоска од платата од над 73.000 денари,
Никола Димитров од платата од над 72,000 денари,
Дамјан Манчевски од над 70,000 денари плата и така натаму.
Предлагаме сите 26- министри да се откажат од примањата кои се движат од 70.000 до 90.000 денари нето и да работат про – боно! Ако СДСМ навистина сакаат да помогнат тогаш целосно да се откажат од нивните приходи по основ на плата и хонорари, додека трае кризата со епидемијата на корона вирусот.
Дополнително, нека се откажат и од привилегиите кои одат со функцијата како службени возила, телефони и репрезентации кои ги прават и ги плаќаат со народни пари.
Почитувани, доколку министрите, замениците – министри, директорите, и членовите на управните и надзорните одбори работат без пари, про – боно со тоа ќе се заштедат над 2.5 милиони евра месечно. Тоа се над пет милиони евра за два месеци, колку што предлагаат да трае драконската мерка за македонската економија.
Ако е вистина, а не лицемерно, ако навистина го мислат тоа што го кажуваат, тогаш функционерите од СДСМ нека почнат со свој личен пример да го помогнат народот.
Министерката Дескоска да почне од себе, да се откаже од вкупната плата и примања, а потоа да ја следат и Спасовски, Шекеринска и другите функционери во владата.