Рускиот тим за одговор на коронавирус составен од медицински експерти и специјалисти на руското Министерство за одбрана денеска во конвој се упатија од италијанската воздухопловна база Пратика ди Маре кон Бергамо.
Бергамо е град на северот на Италија и е еден од најтешко погодените градови од Ковид-19, а руските тимови ќе помогнат во борбата против ширењето на пандемијата.
Според руското Мнинистерство за одбрана, 22 специјални камиони и автобуси ќе возат 600 километри до крајната дестинација во регионот Ломбардија.
Специјалистите ќе донесат опрема неопходна за дијагностицирање и дезинфекција. Петнаесет авиони на Ил-76 на руските воздушни сили со воени специјалисти и опрема пристигнаа досега во Италија за да помогнат во борбата против пандемијата на коронавирус.
Италија е најтешко погодена во Европа од појавата на Ковид-19, со скоро 70.000 потврдени случаи и повеќе од 6.820 смртни случаи.