Ќе ги дуплираме капацитетите на Клиниката за инфективни болести во Скопје, објави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска.
– Со голем труд на инженерците од Армијата и град Скопје, теренот пред Инфективната клиника е подготвен. Тука следните денови ќе биде поставена маневарската болница на Воено медицинскиот центар. Така ќе ги дуплираме капацитетите на Клиниката за инфективни болести. Одлична меѓу институционална соработка. Браво за сите! Заштити се. Седи дома, порача Шекеринска во објавата на Фејсбук.
Таа денеска со градоначалникот Петре Шилегов и министерот Венко Филипче беше во обиколка на теренот каде што ќе се гради „маневарската болница“ против коронавирусот.