Од СЗО вчера истакнале дека им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице, освен ако не се заразени или ако негуваат некој кој е болен, пренесува Си-Ен-Ен.

Директорот на Си-Ен-Ен за вонредни ситуации Мајл Рајан изјавил дека носењето маски може да биде проблем во случај на нивно неправилно користење, кога може да нанесе повеќе штета отколку да донесе полза. Рајан истакнал дека смета дека маските треба да ги носат единствено луѓе кои се заразени, но и здравствени рабоптници, со што сепак, од друга страна, признава дека нивното носење штити.

„Постои глобалниот проблем на недостаок на маски и други медицински работи кои се потребни. Здравствените работници се изложени на ризик и помислата дека немаат маски е ужасна“.

Епидемиологот Марија ван Керкхов рекла дека е важно „да им се даде предност во користењето маски на тие на кои им е најпотребно“, како здравствените работници, што сепак значи дека препораката да не се носат маски важи поради неправилното користење и поради недостатокот на маски во светот, а не поради тоа дека тие штитат.