Од „Аџибадем Систина“ реагираат на синоќешното соопштение на Министерството за здравство во кое се вели дека тестовите кои ги користи приватната клиника „Систина“ се различен тип од тестовите на сите останати институции. Имено, тие тестови го детектираат присуството на анти тела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус.
Претходно „Систина“ објави дека кај нив, во Клиничката болница со т.н. брзи серумски тестови од холандско производство, се тестирани 327 луѓе, од кои дури 54 се позитивни.
Интерпретацијата на резултатите, достапна и во упатството за самиот тест https://bit.ly/2R2fPaH, едноставно прикажана можете да ја видите во табелата подолу, објаснуваат од „Систина“.