Шеесет и тригодишен работник од село Злетово загина откако се здоби со повреди при изведување градежни работи во фабрика во Пробиштип.
Случајот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, го пријавил С.Т. (27) од Пробиштип во полициската станица во градот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.