Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) денеска на граѓаните им порача дека не е потребно да ја мијат и бришат амбалажите од храната што ја купиле во продавниците, бидејќи коронавирусот не се пренесува на тој начин.
„Главите горе, потрошувачи нема потреба да ја бришете и перете амбалажата од храната при враќањето дома“, наведе ФДА во настојувањето да го намали стравот кај Американците дека амбалажата може да биде заразена со коронавирус, бидејќи некои истражувања укажале на тоа вирусот може да живее на одредени површини од неколку часа до неколку дена.
„Сакаме да ги увериме потрошувачите дека не постои евиденција за човековата и животинската храна или амбалажа што се поврзани со пренесувањето на коронавирусот, што го предизвикува Ковид-19“, наведе ФДА на совјот сајт
ФДА ги потсетува сите луѓе дека доколку веќе се грижат околу амбалажата, повеќе внимание да посветат на тоа да минат што помалку време во продавниците, со тоа што на време ќе направат список за сите потребни производи што сакаат да ги купат. Исто така, оттаму потсетуваат дека е поважно да држат дистанца од другите луѓе и почесто да ги мијат рацете.